сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сари ќе продолжи да го води Јувентус и следната сезона

Сари ќе продолжи да го води Јувентус и следната сезона

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, најави дека Маурицио Сари ќе остане на тренерската функција и следната сезона. Претходно беше објавено дека тој може да биде заменет со Маурисио Покетино.

– Дали заминува Сари? Тоа се шпекулации во печатот. Јас сум тука десет години, скоро нонстоп веќе девет години сме на врвот на табелата. Победивме со Алегри пет години, но ваквите разговори беа по секое првенство, па дури и победа. Нема сомнение дека Сари ќе биде тренер на Јувентус следната сезона, изјави Паратичи за „Фудбал Италија“.

Јувентус вчеравечер го совлада Лацио со 2:1 во 34. коло од Серија А. Тимот е прв на табелата со 80 бода.