понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД: Вторпат за еден месец над илјада смртни случаи од Ковид-19

САД: Вторпат за еден месец над илјада смртни случаи од Ковид-19

Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД е над илјада – по вторпат овој месец.

До синоќа регистрирани се 1.056 смртни случаи и 62.752 новозаразени.

Само на 7 јули, бројот на смртни случаи во САД надмина илјада, поточно 1.195, а според анализите на универзитетот бројот на смртни случаи од Ковид-19 беше поголем од илјада вкупно 59 пати за 202 дена од почетокот на пандемијата.