вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пукање од огнено оружје на семејна прослава во тетовско

Пукање од огнено оружје на семејна прослава во тетовско

Во текот на вчерашниот ден во 19,15 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено пукање од огнено оружје во с.Сараќино-тетовско.

Од страна на полициски службеници од Полициското одделение Групчин било излезено на местото на настанот, при што било констатирано дека во куќата на З.Т. (24) при семејна веселба истиот испукал куршуми од гасен пиштол “Екол“ кој го поседувал без потврда.

Увид бил извршен од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и биле пронајдени и подигнати осум чаури калибар 9мм испукани од наведениот пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.