Изутрина во осум часот е регистрирана минусна температура само во Крушево, каде во изминатите 24 часа наврна најмногу дожд, 13 литри на метар квадратен. Во Маврово висината на снежната покривка изнесува три сантиметри.
Времето во Македонија е променливо облачно, во западните делови на планините има локални врнежи од снег, додека во крајниот југозападен дел на земјава има локални врнежи од слаб дожд. Дува слаб ветер од јужен правец.
До крајот на денот ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и со слаб локален дожд, а слаб снег ќе има на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец, кон крајот на денот ќе промени правецот во северен.
Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степена.
Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд, а кон крајот на денот ќе има услови и за слаб снег. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој доцна попладне ќе го промени правецот во северен. Температурата ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот, како и за време на новогодишната ноќ, се очекува стабилно и суво време. В сабота ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Од вторник се очекува извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд.