На ул.„АСНОМ“ во Штип вчера попладне при поставување на панели за соларна енергија на покрив од куќа сопственост на И.М., настанал пожар, при што целосно бил опожарен покривот на куќата.
-Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Штип, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.