Калчолигашот Наполи се договори со францускиот фудбалски прволигаш Лил за трансферот на напаѓачот Виктор Осимен. Според „Л’Екипе“, неаполитанците ќе потпишат шестгодишен договор со 21-годишниот Нигериец.
Официјализирање на трансферот се очекува да се случи в петок (31 јули).
Во сезоната 2019/20, Осимен одигра 38 натпревари за Лил, постигна 18 голови и шест асистенции.
„Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 27 милиони евра.