Речиси две третини од Италијанците немале оброк надвор од дома, откако Италија излезе од блокадата поради коронавирусот, а меѓу главните причини е стравот од инфекција. Тоа се нагласува во резѕлтати од истражување „Фипе-Конкомстрио“ каде се покажа драстичен пад на потрошувачката за време на пандемијата.
По олабавување на рестриктивните мерки воведени во Италија за спречување на ширење на вирусот, 72 проценти од Италијанците се уште немале појадок во ресторан, 67,9 проценти немале ручек надвор од дома, а 69,4 проценти не биле на вечера вон нивниот дом.
Кога станува збор за причините за да не одат во бар или ресторан, истражувањето покажало дека за 66,5 проценти од испитаниците, главната причина е стравот од зараза.
Правилата за безбедност на рестораните се наведуваат и како причина да ги обесхрабрат луѓето да трошат во овие ресторани затоа што 41,5 проценти сметаат дека се помалку удобни.
Многу Италијанци работат од дома заради пандемијата, па токму затоа тие обично немаат појадок или ручек надвор од дома. Со повеќе од 35.000 смртни случаи од вирусот, Италија е шеста земја во светот по број на жртви, по САД, Бразил, Мексико, Велика Британија и Индија.