недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Германија воведува задолжителен тест за коронавирус за сите кои влегуваат во земјата

Германија воведува задолжителен тест за коронавирус за сите кои влегуваат во земјата

Тестот за коронавирусот ќе биде задолжителен за сите луѓе кои доаѓаат во Германија од сабота од високоризични региони, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Тој ја даде изјавата откако 1.045 нови случаи на коронавирус беа регистрирани во Германија, што е прв дневен скок над 1.000 новозаразени лица за еден ден во последните три месеци.

Од минатата сабота се спроведува бесплатен тест за сите меѓународни патници кои пристигнуваат во државата.

Шпан верува дека зголемувањето на бројот на заразени лица се должи на патниците кои се враќале од странство и непочитување на физичката дистанца. (МИА)