петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Над 11 илјади новозаразени со коронавирус во Колумбија

Над 11 илјади новозаразени со коронавирус во Колумбија

Во Колумбија во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 11.000 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот позитивни на коронавирус досега е 433.805, соопшти Министерството за здравство на земјата.

„Уште 10.709 пациенти оздравеја, 11.226 се новозаразени, а во последните 24 часа имавме и 308 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19“, се вели во соопштението.

Претседателот на Колумбија, Иван Дуке прогласи 30-дневна вонредна состојба на 17 март, која постепено се заострува и ќе трае до 30 септември, доколку не биде повторно продолжена. (MИA)