петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Турција најголем дневен раст на новозаразени со коронавирус од јуни

Во Турција најголем дневен раст на новозаразени со коронавирус од јуни

Бројот на новозаразени со коронавирус во Турција се зголеми за 1.256 во текот на вчерашниот ден, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коча на својот профил на Твитер.

Тоа е рекорден број новозаразени лица од јуни.

Вкупниот број на заразени лица со Ковид-19 во таа земја е 278.117.

Во Турција починаа 21 лице во изминатите 24 часа, така што смртниот биланс изнесува 5.955.

Турција ги укина делумните рестриктивни мерки на 1 јуни и планира да ги отвори училиштата следниот месец.