вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Велика Британија: Во фабрика за слатки заразени 72 работника

Велика Британија: Во фабрика за слатки заразени 72 работника

Во фабриката за слатки во Нотингемшир, во Англија, 72 работници се позитивни на коронавирусот, пренесе Скај Њуз.

Како што се наведува, тестирани биле 701 вработени, а сега Националната здравствена служба ќе ги тестира сите 1.600 работници.

Околу 33 вработени, кои биле позитивни, се вратиле на работа откако определено време биле во изолација.

Минатата недела беше откриено дека речиси 300 вработени во фабриката за сендвичи „М & С“ во Нортхемптон, се позитивни на вирусот. (MИА)