недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Регистрирани 159 нови случаи на коронавирус, починаа шест лица

Регистрирани 159 нови случаи на коронавирус, починаа шест лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-25, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-9, Струга-15, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-22, Гевгелија-5, Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-4, Кичево-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-27, Куманово-1, Дебар-3, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Гостивар-9, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Кичево-13, Неготино-2.

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458, бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.

Направените 1733 теста се преку: ИЈЗ-521, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-210, Биотек-320, МАНУ -88, Жан Митрев (Филип Втори)-251, Систина со PCR метода -172, лабораторија Лаор – 56, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-9, ГАК-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Најнови вести