среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Руни: Баерн има предност, но моето чувство е за ПСЖ

Руни: Баерн има предност, но моето чувство е за ПСЖ

Поранешниот капитен на Англија го коментираше претстојното финале во Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн.

Според него, Французите можат да го искористат стилот на противникот и да го казнат.

– Баерн има предност што повеќето од нивните стартери играле во финалето на Лигата на шампионите, но моето чувство е за ПСЖ. Мислам дека во лицето на Нејмар, Мбапе и Ди Марија ПСЖ ќе ја искористи високата линија на одбраната на Баерн. Тие ќе добијат шанси и ќе ги искористат, напиша Руни во својата колумна за „Тајмс“. (MИА)