понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Само тие двајца знаат што се случи вчера на натпреварот меѓу Реал и Јуве

Само тие двајца знаат што се случи вчера на натпреварот меѓу Реал и Јуве

Фудбалерот на Јувентус, Медхи Бенатија направи контакт со Лукас Васкез во судиското продолжение од вчерашниот натпревар меѓу „Старата дама“ и „Кралевите“, по што судијата Оливер без многу да размислува покажа на белата точка.

Момците од Торино постигнаа 3-0 во Мадрид и го изедначија резултатот од првиот натпревар и кога сите мислеа дека можно е да се гледа продолжение, Кристијано Роналдо поентираше за 3-1 во 98 минута и обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

-Тажни сме бидејќи одигравме натпревар каков што посакувавме, но истата работа му се случи и на Баерн минатата година. Во Реал се одлични момци, но секогаш кога ситуацијата е спорна, одлуката оди во нивна корист, вели Бенатија.

-Одев да го заобиколам Васкез и дојдов до топката. Тој падна бидејќи не можеше да направи ништо друго во таа ситуација. Можевте да видите дека топката се одбива од мојата нога и го менување правецот. Да се досуди пенал по такво нешто е апсурдно. Ние сме жртви, но сме многу горди, детално објаснува одбранбениот играч на Јувентус.

Од друга страна за случувањата своја верзија има и Васкез.

-Дали беше пенал? Да. Кристијано ми ја додаде топката и таман кога одев за да шутнам, нивниот стопер ми дојде зад грб и ме прегази. Тука нема што повеќе да се доскутира. Нивните потези беа нормални. Се играше последната минута, но ова мора да биде лекција. Кој ќе се опушти, ќе плати за тоа, заклучува Шпанецот.