Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосницата од бул.„Илинден“ и сервисна улица која води кон објект на град Скопје.
Во несреќата учествувале автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С.(46) од Скопје и мопед „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.Џ.(27) од Скопје.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот Б.М.(30) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и сопатничка од возилото Ц.С.(43) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, посочуваат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.