недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Уникатен букет за омилената пејачка: Марија Шерифовиќ со емотивна честитка за роденденот на мама Верица

Уникатен букет за омилената пејачка: Марија Шерифовиќ со емотивна честитка за роденденот на мама Верица

Дека секогаш знае како да ги изненади своите најблиски, а многу својата мајка бевме сведоци многу пати. Па така, на еден од своите последни концерти, кој се одржа на Денот на жената, евровизиската победничка Марија Шерифовиќ ја изненади својата мајка подарувајќи ѝ корпа полна ружи.

Вчера, на денот на роденденот, Марија повторно ѝ направи изненадување на Верица. Специјално само за мајка си замина во Крагујевац, каде што живее таа за да и го честита роденденот во живо. Како подарок покажа Верица доби прекрасен и уникатен букет од својата единствена наследничка.

„Мајко, омилена моја пејачке, среќен ти роденден! Те сака твоето прекрасно и паметно дете“ – напиша Марија покрај фотографијата на која насмеани позираат со мама Верица.

„Ти благодарам сонце мое, радост моја и најубава насмевка на светот. Те сака мама најмногу на целиот свет“ – емотивно возврати гордата мајка.

Фотографијата собра безброј лајкови, а многу познати пејачи ја искористија оваа можнсот за да ѝ го честитаат роденденот на Верица.

Најнови вести