четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Границите на Колумбија остануваат затворени уште еден месец поради Ковид-19

Границите на Колумбија остануваат затворени уште еден месец поради Ковид-19

Колумбиските власти соопштија дека уште најмалку еден месец границите на државата ќе бидат затворени. Целта на Владата е да го запре ширењето на новиот коронавирус.

Копнените, морските и речните граници на земјата ќе останат затворени до 1 ноември.

Властите ќе направат исклучоци за хуманитарни итни случаи, трговија. Во Колумбија, речиси 830.000 лица се заразени со Ковид-19 и најмалку 26.000 луѓе починаа од коронавирусот.