петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Црвена Звезда се врати на победите во Евролигата

Кошаркарите на Црвена Звезда постигнаа нова победа во кошаркарската Евролига откако во претходните две кола ги загубија натпреварите.
Црвена Звезда се врати на победите во Евролигата

Црвена Звезда како гостин го совлада Милано со 91:88. Ова за „црвено-белите“ беше шести триумф по 15 одиграни натпревари, додека Милано остана на последното место со четири победи.

Македонскиот интернационалец во дресот на Црвена Звезда Перо Антиќ, дуелот го заврши со 5 поени, 4 скокови и 5 асистенции, додека Американецот со македонски пасош кај Милано Џордан Теодор постигна 10 поени. Најефикасен на дуелот беше Џејмс Фелдин со 19 поени.

На другите дуели од 15.коло одиграни синоќа: Басконија – ЦСКА Москва 81:90, Химки – Барселона 65:79 и Анадолу Ефес – Бамберг 69:58.

Лидер на табелата е ЦСКА Москва со скор 12 победи и 3 порази.