сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наместо мотивација, Владата ги дотепа преморените здравствени работници – им забрани користење годишен одмор

Наместо мотивација, Владата ги дотепа преморените здравствени работници – им забрани користење годишен одмор

Преморените здравствени работници во земјава кои се на работ на своите сили, наместо мотивација за да издржат во својата секојдневна работа во борбата со КОВИД-19, Владата и покрај најавите дека ќе го награди нивниот труд, ги „дотепа“ со наредбата за забрана за користење на годишен одмор и отсуства од секаков вид.

Со новата небулозна наредба Владата им забранува користење на годишен одмор, платени и неплатени отсуства на сите здравствените работници. И покрај тоа што Уставот на Република Македонија е дециден кога станува збор за работничките права во смисла на Член 32 со кој се гарантира дека „секој вработен граѓанин во државата има право на дневен, неделен и годишен одмор“, но и одредбите од Колективниот договор за здравствена дејност кои во член 29 ги пропишуваат правата на здравствените работници.

Без оглед на тоа што е пандемија, а не е вонредна состојба небулозна е одлуката на Владата со која му наложува на секој правен здравствен субјект да не издава решение за било каков одмор или отуство на здравствените работници во земјава.

Нарушено здравје на медицинските работници, преморени доктори и техничари, како и висок процент на заразени медицински работници е сликата на реалноста со која се соочува македонското болно здравство. Ако се потсетиме што се преживеаа здравствените работници во Македонија кои во април годинава на почетокот од КОВИД-19 пандемијата беа буквално оставени без соодветна опрема, па после безбројни апели во јавноста дека се принудени сами да си купуваат опрема за да се заштитат од коронавирусот, следеа проблемите со недостиг на медицински кадар на инфективните одделенија, хаосот кој настана со бројот на заболен медицински кадар кој исто во април годинава беше дури 17% најголем во цел балкански регион.

Сега бројката на заразени медицински работници стигна до 1.380 лица, што од отприлика на вкупно 8.000 медицински работници во земјава кои се борат против пандемијата е над 16% заразен медицински кадар, кој процент говори само по себе за дополнителни тешкотии во здравствениот систем. Наспроти овие бројки, наместо дополнителна мотивација за зравствените работници која ја најави македонскиот премиер Зоран Заев неколку пати во последниов период, па истакна дека после ребалансот на Буџетот ќе им бидат исплатени 54 милиони евра како стимул за добрата работа, како и најавата од пред два дена за дополнителни две плати, се уште ништо немаат видено медицинските работници во земјава кои сега дополнително немаат ни „право“ да остварат било каков одмор како права кои им произлегуваат од работниот однос.

Најнови вести