четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Над 1000 македонски граѓани заразени со коронавирус се хоспитализирани во болниците

Над 1000 македонски граѓани заразени со коронавирус се хоспитализирани во болниците

Во болниците ширум Македонија се лекуваат  1012 пациенти заразени од коронавирус.

На Инфективната клиника примен се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 20 пациенти, на кожната клиника 18 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Најнови вести