вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

После викендов можен е полициски час- еве кога ќе одлучува за оваа мерка Комисијата за заразни болести

После викендов можен е полициски час- еве кога ќе одлучува за оваа мерка Комисијата за заразни болести

Министерот за здравство Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и д-р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки, како што се посочува, ќе одлучува на состанокот во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викендот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд. Како што денеска посочи министерот Филипче, мерките кои се на сила доколку доследно се почитуваат би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.

Најнови вести