четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Починаа 24 пациенти, вкупно 1305 смртни случаи

Починаа 24 пациенти, вкупно 1305 смртни случаи

Министерството за здравство денеска информира дека во изминатото деноноќие регистрира 24 починати пациенти од коронавирус. Од почеток на епидемијата во Македонија има 1305 смртни случаи.

-Седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45г), еден од Штип (64г), еден од Прилеп (57г), еден од Тетово (61г), двајца пациенти од Битола (66 и 73г), три од Кавадарци (83, 78 и 69г), еден од Гостивар (46г), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59г), еден од Берово (41г), еден од Делчево (83г) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63г), информира Министерството.

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Најнови вести