Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 20.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица, кај место викано „Баткова чешма“, атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна незгода.
Во несреќата учествувале автомобил „Цитроен“, управуван од Љ.Т.(49) од Македонска Каменица и автомобил „Волво“, управувано од П.С.(52) од Македонска Каменица, и двете со регистарски ознаки од Македонска Каменица.
-Во незгодата, П.С. се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобил и Љ.Т., констатирани во Клиничката болница Штип, истакнуваат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.