Сакраменто ќе потпише рекорден договор во клупската историја со Де Арон Фокс, објави инсајдерот од „Атлетик“, Шамс Харанија.
Според новинарот и добар познавач на НБА-случувањата, 22-годишниот Американец се договорил за патгодишна соработка вредна 163 милиони долари. Платата на играчот може да порасне на 196 милиони долари поради бонуси. Ова е најголемиот договор во историјата на кралевите.
Фокс беше избран од Сакраменто како петти пик на драфтот во 2017 година, и беше во тимот веќе три сезони.