И додека секаде во светот владите се борат со сите сили против коронавирусот, во Македонија граѓаните како да имаат впечаток дека власта ниту има намера да мрдне со прст ниту е загрижена за носење на нови мерки против ширење на поразителните бројки на заразени и починати лица.
Хрватска инаку денеска започна со масовно тестирање на граѓаните додека во Македонија нема ниту термини за тестирање на граѓаните, нема ниту празни кревети во болниците, а уште помалку има соодветно лекување и здравствен систем кој функционира како што треба.
За жал додека Хрватска е толку блиску до нас географски, таа е толку далеку во однос на системот кој им служи во интерес на граѓаните.
И додека освен во Хрватска масовно тестирање се правеше и во Словачка, во Македонија властите секојдневно на јавноста и сервира само гола статистика, но не и конкретни мерки.