понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

ДРЖЕТЕ СЕ ЦВРСТО, ДОЈДЕ „ЖИВОТОТ“!

ДРЖЕТЕ СЕ ЦВРСТО, ДОЈДЕ „ЖИВОТОТ“!

Дека дојде животот, се “гледа” на секаде околу нас. Каде и да се сврти човек, саде живот околу него во државава. Се отвараат нови работни места и еве веќе има двјаца нови вработени, ќерката на Талат Џафери – нелигитимниот претседател на Собрание и синот на Мирослав Грчев – македономразачот, се вработиле во ЕЛЕМ. Странските инвеститори се наредиле како на каса во во маркет и чекаат да инвестираат. Летаат просечни плати од 500 евра, нема задолжувања и кредити, буџетот е полн како око и нема потреба да се зголемуваат даноците, пуштаме огласи по соседните држави за работници во градежна оператива оти се е во изградба, се вратија назад речиси сите 600.000 иселени, нафтата и цените на продуктите вртоглаво паѓаат, мед тече од Осоговијата, а млеко од Шара… Убавини на сите страни. Што ти е Живот, брeеј!

Иронијата на страна, сериозна е работата. Народот, со се мене, можеби е полу слеп, па не догледуваме добро. Ама сепак, гледаме дека надворешната политика ни ја водат луѓе кои ниту во еден атом од нивното опстојување, не се чувстуваат Македонци. И, тоа е главната карактеристика која ги одбележува овие инсталирани ликови, кои се власт, а кои имаат една заедничка цел – да се уништи и заборави сѐ што не поврзува со Македонија и македонското.

Министерот Димитров, наместо министер за надворешни работи, всушност игра улога на надворешен министер, на некој друга држава. Таквото негово однесување, поткрепено со заучена а недоучена македонска историја, но и со манири кои секако не се патриотски и национални, сериозно ја гарантира заложбата да се уништи нашиот идентитет. Неговата потреба за бришење на се што е македонско, најверојатно потекнува од неговото рано детство, а надоградена при посебниот престој во Кралството Холандија.

Со свои причини, но со исти повод, зад него не заостанува ниту вице премиерот Бујар Османи (оној што скоро докажуваше дека е претставник на косовската влада). За разлика од претходниот, неговата задача за уништување на македонскиот идентитет е со крајна цел за остварување на нивниот големо-државен сон. Дополнително, земал залет како вртимушка, па му се заканува и му дава чудни рокови на Претседателот Иванов за законот за албанскиот јазик. Мизерија.

Премиерот Заев, од надворешна политика се разбира исто колку и во “96 литри во секунда… или како беше… метри кубни на час, дожд“. Но, тој барем добро го користи неговото знаење, според една од неговите славни изјави, дека ние како народ “при уши се правиме слепи“, па вергла дека преговорите се на крај, само уште името и опсегот треба да се решат. Да не ни кажеше, се уште ќе бевме во заблуда дека нѐ преговараат за нашите стекнати права во ОН, за националноста и јазикот. И, да не беше премиер, немаше да е за замаерка… Важно, констатирал дека името ќе оди на референдум, оти ВМРО-ДПМНЕ е за референдум. Е па, премиере, ВМРО-ДПМНЕ е и за нови, итни избори, за да те смени од власт. Поддржи не првин за тоа, распиши предвремени избори.

И, за крај. Извештајот од Европската Комисија е политички позитивен, па дури и поттикнувачки за Владата да го забрза процесот за промена на името Република Македонија. Но, извештајот е и со сериозни критики и забелешки, па дури и негативен за реформите кои реално речиси и ги нема, но и заради зголемениот степен на корупција кај нас. Слабата економска политика на оваа влада е клучен проблем во оценката на ЕК, заклучокот е дека Македонија на економски план не е подготвена за влез на единствениот европски пазар.  ЕК недвосмислено констатира дека Владата води поразителна фискална политика, чии импликации на долг рок ќе ги чуствуваме сите ние.  Наместо справување со сивата економија, владата сака да го зголеми даночното оптоварување на и тие малку што останаа да работат и придонесуваат за оваа наша држава. Стопирањето на инвестициите во јавната инфраструктура е исто така една од клучните забелешки во извештајот, што веќе предизвикува видливи негативни ефекти врз градежниот сектор.

Како главна пречка во Извештајот и овој пат се потенцира проблемот со името. Но, според обраќањето на францускиот претседател Макрон пред европскиот парламент, Франција нема да дозволи проширување на ЕУ се додека самата Унија не се реформира. Ова значи дека, ако не заради Грција, пак заради Франција нема да влеземе во ЕУ.

Џабе виткате кичми и се трудите да ни го продавате името. Ние секако нема да ви дозволиме да го смените, си го знаете тоа, нели?

М-р. Димитар Димовски

Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ