петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинение за недозволено поседување марихуана

Обвинение за недозволено поседување марихуана

Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје.

Обвинетиот е 29-годишен скопјанец кај кого, при претрес на 12 ноември, биле пронајдени 27,65 грама марихуана. Дрогата била скриена во домот на осомничениот, спакувана во 79 полиетиленски пакувања.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетото лице, првично определена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​