На една Италијанка што избегнувала лекари поради коронавирусот, ѝ бил откриен и отстранет тумор со широчина од 70 сантиметри и 20 килограми тежок.
-Пациентката крајно се плашела од „ковидот“, па избегнувала прегледи и покрај неповолните симптоми… Со месеци, отокот растел сѐ дури жената, конечно, не решила да отиде на гинеколог. Ова резултираше со потврда на дијагнозата за карцином, рече вчера д-р Џовани Венаречи, раководител на одделот за хирургија во болницата „Кардарели“ во Неапол.
Жената имала успешна операција и сега заздравува во својот дом. – Сè мина најдобро што можеше!, додаде хирургот.
Лекарите од болницата во Неапол го лоцирале туморот кај карлицата на 64-годишната жена. (МИА)