Иако во Струга има најмногу смртни случаи од Ковид 19, а голем е и бројот на заразени, повеќе од 60.000 жители се оставени без т.н. брзи тестови.
Од Здравствениот дом во градот велат дека тие немаат услови да спроведуваат брзи тестови бидејќи имаат само една лабораторија и препорачуваат тестовите да се прават во лабораторијата на општата болница, пренесува Алсат.мк