петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Камионот со канабисот од Јосифово четири дена стоел на Кванташки, камионџијата лажно пријавил пукање во Арачиново

Камионот со канабисот од Јосифово четири дена стоел на Кванташки, камионџијата лажно пријавил пукање во Арачиново

Камионот со два тона канабис неколку дена стоел на Кванташки пазар пред синоќа да биде запленет во Арачиново, објави 24Инфо.

Според информации до кои дошол 24Инфо воопшто немало пукање врз полицијата, ниту пак имало истрели во селото. Според нивниот извор камионот од Јосифово по кражбата на марихуаната бил паркиран на Кванташки. Полицијата имала сознанија каде е камионот, но се чекало кој ќе го преземе.

Синоќа камионот тргнал од пазарот и се упатил во Арачиново, каде требало да биде истоварен. Тогаш интервенирала полицијата, a за да се избегнат евентуални проблеми со населението биле ангажирани специјалните сили.

Полицијата вршела претрес на сите возила кои влегувале и излегувале од Арачиново. При тоа биле пронајдени два „калашникови” кај две лица.

Информациите за престрелката, пак, произлегле од возачот на камионот, кој, пријавил дека во него било пукано од страна на полицијата.

За денеска МВР најаваи повеќе детали за случајот.