недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Карамбол во Охрид: Се судрија „Ауди“, „Фолксваген“ и „Рено Лагуна“- има тешко повредени, еве ги деталите

Карамбол во Охрид: Се судрија „Ауди“, „Фолксваген“ и „Рено Лагуна“- има тешко повредени, еве ги деталите
илустрација

На 08.12.2020 во 05.40 часот на магистралниот пат од с.Подмоље кон Охрид во близина на бензинска пумпа се  случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(33) од Струга, патничко моторно возило„фолксваген“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.Љ.(54) од Охрид и патничко моторно возило„рено-лагуна“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Л.(39) од с.Оровник,охридско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.П., а додека со повреди се здобиле Д.Љ., И.Л. и сопатникот во патничко моторно возило„рено-лагуна“, Н.Ј.(22) од с.Лескоец,охридско.

Сите учесници во незгодата се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ и во Општа болница Охрид, за укажување на лекарска помош.

За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.