понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за ДВ: Решението е – оставка на Заев

Мицкоски за ДВ: Решението е – оставка на Заев
фото: dw. Georgievski

Заев со своите ветувања ги подгрева апетитите на соседните држави, а не е способен да испорача резултати. Државата треба да ја води експертска или влада за национален спас, вели Мицкоски.

На вчерашниот состанок на европските министри за надворешни работи, Софија остана на претходниот став: поради нерешени билатерални прашања со Скопје одби да даде согласност за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ. И покрај бројните меѓународни реакции за ваквиот потег на Бугарија, минимални се очекувањата дека е можен некаков пресврт на утрешниот состанок на шефовите на држави или влади.

Причината за неуспехот и за неможноста на Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, лидерот на најголемата домашна опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја гледа во премиерот Заев. Запрашан, како тој го гледа излезот од ваквата ситуација, Мицкоски смета дека предуслов за можен напредок е преземање одговорност за неуспехот, односно оставка на премиерот.

– Требаше да добиеме датум за преговори, но добивме вето. Вето, кое не е само кочница за иднината, туку и израз на исклучителната неспособност на Владата, на Зоран Заев и на неговата меѓународна политика. Причината за неуспесите е криминалот, немањето на реформи и економскиот пустош, се’ друго е само правдање на неуспехот на Владата. По четири години лаги, денес е јасно дека имаме Влада која не може да испорача европска иднина, а испорача рецесија, вето и тргување со идентитетот. Неговата политика на ‘all in’ создаде огромни штети и денес се говори за она што треба да биде најсилен наш темел – идентитетот. После толку неуспеси имаме премиер на држава, кој нема кредибилитет да управува со Влада и да води преговори со Бугарија. Едноставно, не може да имаме толку неуспеси, а да нема одговорност за ништо и кај никого. Затоа главната кочница за разговорите со Бугарија станува токму Заев, кој со своите ветувања ги подгрева апетитите на соседните држави, а не е способен да испорача резултати. Сметам дека вистинското решение во овој момент е оставка на Заев, државата да ја води експертска влада или влада за национален спас, и во моментот кога ќе се создадат услови да имаме избори. Секое друго членување во организација како Европската економска зона е добро и треба да се случи, но членството во Унијата нема алтернатива, исто како и потребата да се заштитат нашите идентитетски обележја на тој пат. Сметам дека ако се води принципиелна политика каде јасно ќе се определи што се може што не, и да имаме премиер без концесии, можен е напредок, вели Мицкоски.

Извор: Dw.com

Најнови вести