недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Словенија ги продолжи рестриктивните мерки

Словенија ги продолжи рестриктивните мерки

Словенечката Влада ги продолжи ограничувачките мерки против коронавирусот, вклучително и забрана за собирање и движење меѓу општините, ноќен полициски час, запирање на јавниот превоз и затворање на продавници кои не продаваат суштинска стока.

Мерките на претпазливост остануваат во сила, како што се носење маски на отворено и затворено, миење раце, се вели во соопштението на владата.

Сепак, донесена е одлука за отворање за јавноста на историско-културни и археолошки локалитети или ботаничко наследство, како и библиотеки и други културни институции, пренесува СТА.

Владиниот портпарол Јелко Кацин синоќа за ТВ Словенија изјави дека владата ќе разговара со претставници на здравствени установи и компании со цел да се консултира за одлуката за потенцијалните измени на одлуката.