Милан го претрпе најсрамниот пораз во својата историја откако на домашен терен загуби од Беневенто со 0-1.
За потсетување, Беневенто е најлошиот тим во историјата на фудбалот откако во својата дебитантска сезона во Серија А ги загуби првите 13 натпревари.
И таков противник синоќа си замина со трите бода од гостувањето на Сан Сиро.
Единствениот гол го постигна Јемело во 29. минута. Беневенто оваа сезона ќе има подобар биланс во дуелите со Милан бидејќи нивната прва пресметка заврши без победник – 2-2.