Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс верува дека враќањето во нормала за САД и натаму е подалечно од она што луѓето го очекуваат и покрај тоа што вакцината е дистрибуирана оваа недела.
Гејтс, кој донираше милиони за вакцината, вели дека до летото 2021 САД „би требало да бидат многу поблиску до нормалното од сега“, но како што вели тој за Би-Би-Си, целосното враќање во нормала веројатно ќе биде моќно дури по 2022 година.
Милијардерот вели дека постои ризик од враќање на вирусот ако не им се помогне на другите земји да се ослободат од болеста.
Гејтс смета дека големите јавни собирања и натаму треба да останат забранети, а истакнал и дека „за жал голем дел од рестораните и баровите во САД треба да останат затворени за да се сузбие ширењето на коронавирусот.“
Тој вели дека рестораните и баровите треба да бидат затворени во следните четири до шест месеци.
Вистинското враќање во нормална, смета Гејтс, е можно по 12 до 18 месеци ако се направи се што е потребно за да се сузбие ширењето на вирусот.