петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Словенија делумно укинување на рестриктивните мерки

Во Словенија делумно укинување на рестриктивните мерки

Словенечкиата Влада одлучи од денска до 23 декември да се укинат дел од рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19.

Од денеска во Словенија повторно ќе функциноира јавниот превоз, а се отвораат и фризерниците, цвеќарниците, автопералниците и сервисите за хемиско чистење.

Дополнително укинување на мерките словенечката Влада одобри во само четири региои со најповолна епидемиолошка слика и тоа во Централна Словенија, Горишка, Крајбрежно-Кришкиот регион и Горењска.

Во сила останува мерката едно лице да биде на простор од 30 метри квадрартни.

Бизнисмените ја поздравија владината мерка за укинување на дел од мерките, додека министерот за здравствои Томаж Гантар е внимателен и ја потсети јавноста на лимитираните капацитети на здравствениот систем.