петок, 5. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во светот од коронавирус инфицирани над 75 милиони лица

Во светот од коронавирус инфицирани над 75 милиони лица

Над 75 милиони луѓе во светот веќе се заразиле со  коронавирусот, покажуваат најновите податоци на страницата worldometers.info.

Како последица на болеста починати се над 1,6 милиони лица, односно околу три проценти од заболените, а 52,6 милиони луѓе заздравеле од болеста (или 97 проценти), покажуваат денешните податоци.

Во моментов во светот има повеќе од 20 милиони активни случаи, а 20,5 милиони имаат лесна или умерена здравствена слика, додека повеќе од 107.000 лица се наоѓаат во критична состојба, што е околу 0,5 проценти од болните. (МИА)