недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здравствената состојба на Макрон стабилна

Здравствената состојба на Макрон стабилна

Здравствената состојба на претседателот на Франција, Емануел Макрон, и натаму е стабилна, откако минатата недела дозна дека е позитивен на Ковид-19, соопшти денеска француското претседателство.

„Здравствената состојба на претседателот и натаму е стабилна“, изјави претставник од француското претседателство.

Макрон (43) во четвртокот дозна дека е позитивен на коронавирусот и оттогаш е во самоизолација во претседателската вила, во близина на Версајската палата.