понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Британија забрани влез во државата од Јужна Африка

Британија забрани влез во државата од Јужна Африка

Британската влада воведе забрана за влез на патниците од Јужна Африка откако беа откриени два случаи на друг вид коронавирус во Велика Британија.

Од денеска во 9 часот, забранет е влез во земјата за сите што биле во Јужна Африка или поминале низ таа земја во изминатите 10 дена, а директните летови ќе бидат забранети, соопшти Министерството за транспорт.

Според Гардијан, од таа мерка се исклучени товарни летови и летови без патници.

Забраната не се однесува на британските и ирските граѓани, оние кои имаат виза или постојан престој, но тие ќе мора да бидат во изолација 10 дена заедно со членовите на нивното домаќинство.