сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Како кафето може да ви помогне да откриете дали имате Kовид-19?

Како кафето може да ви помогне да откриете дали имате Kовид-19?

Додека оваа болест ќе влијае на секого различно, вообичаен симптом на зараза со коронавирус е губењето на мирисот и вкусот.

Всушност, овие симптоми станаа важен сигнал во препознавањето дали некое лице е заразено. Па така, многу луѓе ќе откријат дека нешто не е во ред при пиењето на првото утринско кафе.

Бидејќи повеќето луѓе во светот пијат кафе наутро, сигурно сите ќе забележат ако не ја почувствуваат познатата арома, а токму тоа може да биде првиот сигнал дека сме заразени.

– Одамна знаеме дека поединците можат да го изгубат мирисот и вкусот по некоја вирусна инфекција, но процентот на луѓе кои го имаат овој проблем кога станува збор за ковид-19 е едноставно неверојатен – вели Џејмс Швоб, професор по молекуларна биологија на Универзитетот „Тафтс“.

„Понекогаш губењето на мирис кај овие пациенти е единствениот симптом, а сите други можат да бидат директно поврзани со тоа, така што губењето на мирис и вкус може да биде наједноставниот тест што ќе им ја открие состојбата на луѓето и така тие ќе знаат дека не смеат да се движат надвор и да ја шират заразата“, додал тој.

Покрај тоа, професорот ве советува да не ја прескокнувате утринската навика да пиете кафе затоа што токму таа може да ви открие дали треба да се тестирате.

– Едноставната работа што можете да ја направите е да земете зрно кафе во раката и да видите колку далеку можете да го поместите, а и понатаму да го почувствувате мирисот. Ако вашиот нос е затнат и не го чувствувате добро мирисот, можеби е време да се обратите кај лекар – додава тој.

За жал, луѓето кои закрепнале од вирусот може да имаат проблеми со мирисот и вкусот долго време, додека помал дел од нив ќе забележат дека сетилото за мирис и вкус им се променило засекогаш. Еден пациент навел дека дури и по седум месеци не ги чувствувал истите мириси како пред болеста, па опишал како ананасот му имал мирис на картон, а вкусот на неговиот омилен пијалак како козметички производ. Се разбира, ова нема да им се случи на сите, некои луѓе сосема добро закрепнуваат неколку дена по прележувањето на коронавирусот.

Заклучокот би бил дека ако не можете да го почувствувате мирисот на кафето наутро, можеби е вистинско време да посетите лекар.