сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Момче од тетовско уапсено поради дрога

Момче од тетовско уапсено поради дрога

На 29.12.2020 околу 23:40 часот во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода  А.О.(21) од с.Жеровјане, тетовско, затоа што при преглед му била пронајдена марихуана.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.