Подобрување на економската состојба во Македонија е само во главата на Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев.
Зоран Заев денеска без тронка срам излезе и почна да сее магла.
Заев без срам говореше како македонската економија е жива и стабилна, а во реалноста државата се наоѓа во рецесија.
Заев без срам говореше како ги спасил граѓаните да не изгубат работни места, а во реалноста над 50.000 граѓани се на улица. А, за жал половина милион граѓани денот го поминуваат со 130 денари. Во реалноста преку 49.000 лица плата немаат земено за ноември на 20 декември.
Заев без срам говореше како помогнал на над 14.000 фирми, а во реалноста тие се наоѓаат во тешка состојба и се пред колапс.
Буџетот за 2021 година е крајно расипнички и неразвоен. Додека Заев на прес конференција се фали дека владата е крајно штедлива и успешно менаџира со народните пари, сепак за плати, стоки и услуги ќе потрошат 568 милиони евра повеќе од што ќе приберат.
Поради лошо скроениот Буџет за 2021 година сигурно е дека ребаланс во март или април ќе има.
Заев нека не премолчува и нека признае на граѓаните дека со неговата лоша политика дефицитот повеќе нема да се спушти под 450 милиони евра и ова не носи директно во пропаст.
Економијата единствено е жива и стабилна само за нивните бизниси, бидејќи народните пари се делат на нивни блиски фирми преку фонд за иновации и мерките за поддршка на инвестиции.
Додека Зоран Заев е на власт, македонската економија ќе пропаѓа.
Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ