Додека во Велика Британија се забрзува темпото на масовна имунизација на населението, главниот медицински советник на британската Влада, Кристофер Вити, денеска предупреди дека следуваат најлошите недели од епидемијата со Ковид-19 бидејќи новиот, позразен вид на вирусот, незаприливо се шири, а бројот на новозаболени и мртви расте од ден на ден, што го става здравствениот систем под голем притисок.
-Следните неколку недели ќе бидат најлоши кога станува збор за бројот на нови инфекции. Пред да почнат да се чувствуваат ефектите од вакцинацијата, навистина треба да ги удвоиме напорите и да го спречиме ширењето на болеста, порача Вити, пренесен од британските медиуми.
Бројот на загинати меѓу ковид пациентите во Велика Британија надмина 81.000, а досега повеќе од три милиони луѓе излегоа позитивни на коронавирусот.
Новиот, позаразен, вид на вирусот се шири брзо меѓу населението, а во некои делови на Лондон е заразен секој 20-ти жител, па затоа професорот Вити за Би-Би-Си предупреди дека ситуацијата е „застрашувачка“.
-Имунизацијата навистина се забрзува, ќе вакцинираме 200.000 лица дневно, рече британскиот министер за вакцинација Надим Захави во интервју за „Скај Њуз“.