вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Оваа држава денеска за прв пат потврди случај на зараза со коронавирусот !

Оваа држава денеска за прв пат потврди случај на зараза со коронавирусот !

Микронезија денеска го потврди првиот случај на зараза со коронавирус, изјави претседателот на државата Давид Пануело.

Оваа островска држава во Пацификот досега беше една од малубројните земји кои немаа регистрирано ниту еден случај на Ковид-19

Член на екипажот на еден брод бил позитивен на тестот на коронавирус. По враќањето од бродот, кој бил на ремонт на Филипините, заразениот веднаш е ставен во карантин.

Микронезија и други островски држави во Пацификот уште на самиот почеток на пандемијата веднаш се изолираа и ги затворија своите граници. (МИА)