понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Опожарени две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска

Опожарени две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска

Опожарени се две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска. Случајот бил пријавен во полиција изутрината околу 9 часот.

Како што информира МВР, сопственик на едната приколка е С.З. (44) од Скопје, а на другата се уште не се знае сопственикот.

Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот како и за висината на материјалната штета.