понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мари поради правилата на АТП го одложува враќањето на терен

Мари поради правилата на АТП го одложува враќањето на терен

Британскиот тенисер Енди Мари ќе се врати на терен по Ролан Гарос, бидејќи правилата на АТП (Асоцијација на тениските професионалци) не му дозволуваат да го направи тоа пред вториот Гренд слем турнир во сезоната.

Поранешниот најдобар тенисер во светот не играше од Вимблдон минатата сезона, а според првичниот план требаше да се врати на турнирите во Глазгов (28.04 – 06.05) и Лафборо (19.05-27.05).

Сепак, правилата на АТП не дозволуваат да се појави на овие турнири, а потоа да го прескокне настапот на Ролан Гарос (21.05-06.06) поради повредата.

Мари во јануари го оперираше колкот, а поради пропуштените турнири во моментов се наоѓа на 34-та позиција на АТП-листата.