среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

СТИГНАА НАЛОЗИТЕ – утврдено од што го загубија животот 8-те деца на новогодишната ноќ во Босна и Херцеговина

СТИГНАА НАЛОЗИТЕ – утврдено од што го загубија животот 8-те деца на новогодишната ноќ во Босна и Херцеговина

Труењето со јаглерод моноксид е причина за смртта на осум млади луѓе кои го загубија животот во трагедијата на новогодишната ноќ во близина на Посушје, според резултатите од експертскиот извештај објавен од западнохерцеговското обвинителство.

– По извршената анализа на крвта, утврдено е дека сите осум лица имале труење со јаглерод моноксид со утврдена концентрација во крвта, што е смртоносно, изјави за медиумите Главниот жупански обвинител Јосип Аничиќ.

Ова ги потврди претпоставките на истражителите направени кратко по трагедијата што осум млади луѓе, Мирела Резо, Стјепан Јукиќ, Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ се задушија во Трибистово кај Посушје.