сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пред инаугурацијата на Бајден, директорката на ЦИА поднесе оставка

Пред инаугурацијата на Бајден, директорката на ЦИА поднесе оставка

Еден ден пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, директорката на ЦИА Џина Хаспел, назначена од претседателот во заминување Доналд Трамп, поднесе оставка и ја напушти разузнавачката агенција по 36 години работа во неа.

Во изјавата објавена на налогот на ЦИА на Твитер, Хаспел посочи дека е „многу горда на заедничката работа“, пренесува порталот Форбс.

„Најголемата чест во мојот живот беше тоа што бев шеф на оваа организација“, напиша Хаспел на Твитер.

Џина Хаспел беше назначена за директорка на ЦИА во 2018 година, како прва жена на таа позиција, а беше поставена на таа функција на местото на Мајк Помпео, која ја презеде функцијата државен секретар на САД.