сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо го даде својот коментар за Лампард: „Тој е важна личност во мојата кариера, жал ми е тоа што му се случи“

Мурињо го даде својот коментар за Лампард: „Тој е важна личност во мојата кариера, жал ми е тоа што му се случи“

– Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го коментираше отпуштањето на Френк Лампард од Челзи.

– Не мислам дека Френк би сакал да разговара со мене или со некој друг, освен со неговиот близок круг на семејство и пријатели. Сепак, секогаш е тажно кога некој колега ќе ја изгуби работата, а Френк не е само колега за мене. Тој е важна личност во мојата кариера, па жал ми е што му се случи тоа, изјави Мурињо за „Гол“.

Вчера, Челзи му врачи отказ на Лампард поради незадоволителни резултати. Англичанецот ги предводеше „сините“ од летото 2019 година.

Клубот во моментов е рангиран на 9. место во Премиер лигата со 29 бода. (МИА)