Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако претходно беше објавен извештајот на ТИ каде Македонија се најде на високото 111-то место по степенот на корупција.
Според Транспарентност Интeрнационал по степенот на корупција на историски најлошото 111-то место. Пад од 5 места споредено со минатата година и никогаш полошо во периодот на независна Македонија. Тие не се само мафија, на овие луѓе и мафијата може да им позавиди. Подобри од нас се: Косово, Албанија, Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија, а заедно сме со Панама и Монголија. Пад од цели 45 места за 5 години.
После ваков резултат, не е доволна оставка на министерот за правда, или министерот статист за борба против корупција, потребно е целата Влада да си замине, веднаш.
Заедно да се избориме за нашата иднина, а после одговорност за целиот срам и криминал што го донесоа, пишува Мицкоски во својата објава.